Руската влада дала интересен предлог, за речиси едноставен, но огромен проект кој има за цел да ги поврзе Лондон и Њу Јорк со автопат. Замислата е да се изгради 20,777 километрски автопат, од Европа, преку Азија, до Америка.
Владимир Јакунин, кој ја води Руската железница, го предложил овој проект, кој покрај постоечките патишта ќе содржи и изградба на патишта што би чинело околу 3 илјади милијарди долари. Покрај сумата, блиските односи кои ги има Јакунин со претседателот Путин, го прават овој план веројатен. Патиштата би поминувале покрај најдолгата железница во светот, трансибирската.
Би имало распон од 89 километри меѓу Русија и Аљаска, кој бара значителни вложувања, а исто така има околу 837 километри растојание од Ноум кое е најблиското населено место во Алјаска до Русија и најблискиот голем град Феирбенкс.
Исто така, се зборува за изградба на железнички систем со голема брзина по должината на патот.