Бајковита свадба: Серена Вилијамс и Алексис Оханијан го кажаа судбоносното ‘Да!’

Серена Вилијамс и Алексис Оханијан запливаа во брачните води. Тие го кажаа судбоносното ‘Да!’ на интимна церемонија која се одржа во Њу Орлеанс. Прославата беше во духот на епската бајка “Убавицата и Ѕверот”.

Успешната тенисерка блесна во венчаница од модната куќа Alexander McQueen, а потоа промени уште два други невестински фустани. Среќниот пар позирапе заедно со двомесечната ќерка Алексис Олимпија Оханијан Џуниор.

На раскошната венчавка присуствуваа голем број познати ѕвезди,

помеѓу нив беа и Бијонсе, Ким Кардашијан, Ева Лонгорија, Сиара, Ана Винтур и многу други.




Коментари

коментари