Категории

Бела Хадид се фотографираше гола и мораше да се извини за тоа!

Бела Хадид (19) стана сензација “преку ноќ” во светот на модата, делумно благодарение на сестра си Џиџи Хадид, но и дечкото, пејачот од “The Weeknd”.

И изгледа дека сака да остане сензација, бидејќи во неделата на својот Инстаграм објави фотка на која е скоро целосно гола и ги прекрива градите со едната рака.

“Извини мамо. Таен проект со мојот тим од соништата”, напиша Бела под фотографиите.

И има за што да се извинува, бидејќи на фотката носи само ланче околу вратот од кое се спуштаат бисери околу нејзината половина и колковите. А, да има и црн долен дел од бикини.

Секако можеме да заклучиме дека нејзиниот таен проект е модна кампања, а едвај чекаме да видиме што уште ќе се појави од таа работа…

bellahadid-1 bellahadid-3 bellahadid-4 bellahadid-5 bellahadid-7 bellahadid-8

Прегледи:
636
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
12.04.2016