Категории

Бесценети животни совети од луѓе кои живееле 100 години

Во животот, секој нов ден е нова лекција, а ова се совети од луѓето кои живееле 100 години и имаат толку животно искуство во нив.

Couple smiling in snow

Откако ќе поминат годините, еден поглед во минатото ќе ви даде јасна слика за тоа што вредело во животот, а ова се нештата кои преживеале еден век имаат да ви кажат.

За кариерата

1. Не можете да стигнете далеку без страст. Пронајдете нешто за кое ќе бидете страсни и следете го.

2. Не можете да постигнете многу ако сте заглавени. Ослободете се себеси. Научете нова вештина. Излезете од вашето секојдневие и откријте нови терени.

3. Барајте слобода и можност, а не работа и безбедност.

4. Инвестирајте или научете како да заштедите. Никогаш не знаете каква заштита овие работи би можеле да ви обезбедат.

5. Нема потреба да се пензионирате ако сте ја имале вистинската кариера. Сепак, ако е неопходно, направете го тоа после 70-та година.

За врските

6. Вљубувајте се колку што можете повеќе. Тешко е едноставно да се откажете од неа. Колку други работи се извонредни како љубовта?

7. Треба да бидете горди на се` она во кое се заљубувате.

8. Вашите врски имаат витално значење за вашата личност. Научете да ги развиете вистинските врски.

9. Ќе сретнете многу луѓе и некои од нив ќе бидат целосна спротивност од вас. Не можете да го избегнувате секој, такашто добро би било да научите да бидете толерантни.

10. Омажете се/Оженете се од љубов. Ова е единственото разумно нешто кое може да ги држи двајца луѓе заедно.

11. Имајте добра жена, многу пријатели, добар апетит и бидете доста зафатени.

За живеењето

12. Бидете свои. Не можете да стигнете до 100-та живејќи го животот на друга личност.

13. Патувајте. Сум бил на многу места и сум го одржувал начинот на мислење отворен за нови авантури и доживувања. Тоа е причината зошто се`уште немам Алцхајмерова болест.

14. Смејте се. Нема никаква цел ако животот го сфатите премногу сериозно.

15. Што и да ви даде животот, одговорете на него, но никогаш не реагирајте на него.

16. Простете си себеси и на сите околу вас.

17. Треба да бидете религиозни или да бидете дел од нешто религиозно.

18. Не бидете евтини.

19. Не се брзајте. Многу од моите пријатели ги нема затоа што сакаа се` премногу рано.

20. Луѓето имаат тенденција да ги помешаат задоволството со среќата и среќата со задоволството. Можеби не сте среќни цело време, но можете да научите да бидете задоволни.

21. Верувајте во себеси. Таквото верување ќе ве искачи до неверојатни височини.

22. Никогаш не ја потценувајте моќта на среќата.

23. Никогаш нема да верувате колку далеку можете да одите ако правите стабилни и важни чекори.

За здравјето

24. Здрав животен стил ќе ве одржува во живот. Вашето тело треба да биде вашето возило за успех.

25. Не постои ништо што може да се добие од грижите.

26. Времето има свој начин на лекување на секоја рана.

27. Бидете активни. Тоа ве одржува во живот. Она што не се користи, скапува.

28. Не пушете, не пијте, и не се пензионирајте.

29. Луѓето не го ценат телото кога се млади. Кога сте на моја возраст, започнувате да сфаќате колку е важно телото.

30. Како што ќе стареете, ќе имате повеќе избори. Сепак, треба да земите во предвид дека тие се тестови бидејќи од вас се очекува често да велите не.

Прегледи:
499
Категории:
Животен стил
Објавено на:
07.08.2016