Категории

Бијонсе ги редизајнира култните Adidas Superstar патики по повод нивната 50-годишнина

По повод 50-годишнината од Superstar моделот, Adidas ги претстави популарните патики во редизајнирано издание позади кое се наоѓа светската музичка ѕвезда – Бијонсе.

Во далечната 1969 брендот со три линии од мало место во Германија ги претстави првите кошаркарски патики кои беа ниски и потполно изработени од кожа – adidas Superstar.
Седумдесеттите беа години кога кошаркаските терени ги обележаа Superstar патиките. Во првата половина од седумдесеттите, Superstar моделот го носеа 75% од NBA играчите. После кошаркарските терени, во осумдесеттите овој модел ги освои и улиците, кога по примерот на своите кошаркарски идоли започнаа да ги носат и деца. Освен помеѓу младите, патиките станаа омилени и помеѓу рап-музичарите кои ги носеа во своите спотови и настапи. Патиките кои неколку години претходно го освоија светот на кошарката, сега станаа култно парче обувки кој важи за дел од street wear модата и популарната култура.

По повод 50-годишнината од Superstar моделот, Adidas ги претстави популарните патики во редизајнирано издание позади кое се наоѓа светската музичка ѕвезда – Бијонсе.

Соработката на спортскиот бренд и пеачката е прогласена за една од најголемите во историјата.
После IVY PARK колекцијата која беше претставена оваа година, Бијонсе и Адидас повторно ги здружија силите и создадоа уште еден одличен заеднички проект – редизајнирањето на Superstar патиките. Новиот модел е наречен ‘Superstar platform’ поради повисоката платформа која се истакнува како клучен елемент во дизајните на Бијонсе. Освен ефектната платформа, новиот модел се истакнува со благо зашилен врв кој става акцент на нивната street wear страна.

Adidas Superstar Platform започнуваат да бидат достапни во продажба од 18 септември ексклузивно преку Adidas апликацијата, а нивната цена изнесува 200 долари.

Прегледи:
624
Објавено на:
18.09.2020