Категории

Бисерите се најпрефинетиот женствен тренд кој повторно се врати на модната сцена

Бисерите се повторно ‘ин’, не дека некогаш воопшто заминале од модната сцена, само што сега никој не може да им одолее..

За бисерите се вели дека се накит кој е резервиран за постарите дами затоа што најчесто можеме да ги поврземе со нашите мајки и баби, но како што знете модниот свет постојано ги менува своите правила, па сето она кое порано се сметало за добро познато сега повеќе не важи. Кога е во прашање накитот, ако постои еден тренд кој никогаш не заминал од модната сцена тогаш тоа се – бисерите.

Можеби нивното влијание со текот на времето се менувало но сега може да каже дека го достигна врвот. Но тоа воопшто не треба да не чуди затоа што тие се дефинитивно најпрефинетиот и најженствен накит кој и прилега на секоја дама без оглед на возраста.. Освен кај накитот нивната популарност порасна толку многу што често можеме да ги видиме и на облеката, аксесоарите за коса, ташните, и обувките.

Кај накитот тие имаат посебен шмек, па сите дами кои ги обожаваат особено ќе се веселат на најновите колекции на накит во кои тие ја играат главната улога.

 

 

Прегледи:
604
Објавено на:
13.10.2020