Категории

Необичен трик за совршено нанесување на ајлајнер

Сите се мачиме со овој дел од шминката, а со помош на овој трик совладајте ја препреката наречена ‘eyeliner’.

За многумина ставањето ајлајнер е една од најтешките задачи кога е во прашање шминката. Завршниот момент во шминкање секогаш го уништуваат кривите линии. И покрај вашиот труд, понекогаш и екстремниот пристап (пример користење на селотејп) линиите ретко излегуваат совршени извлечени од прва.

Па, професионалните шминкери знаат еден малку бизарен трик, но изгледа подобро отколку што звучи.

Се што ви е потребно е мало огледало со кое ќе можете добро да ги погледнете сите агли. Огледалото ставете го на ниска маса, така што ќе гледате „одозгора“. Така ќе можете попрецизно да одредите каде ја повлекувате четкичката, а заедно со тоа, силно стиснете ги прстите на нозете додека го нанесувате.

Ако се прашувате каква врска имаат стапалата, па експериментално е утврдено дека кога ги стегнуваме прстите на стапалата, го смируваме остатокот од телото, особено дланките.

Благодарение на тоа што сте го поставиле огледалото на ниска маса, имате подобар преглед на ситуацијата, а овој трик со прстите ќе ви даде и „мирна рака“ и совршени линии кои ќе ви дадат неодоливо заводлив поглед.

Прегледи:
1024
Објавено на:
31.05.2020