Категории

Богата сум, згодна, се дружам со елитата и ја изгубив љубовта на мојот живот

„Накратко, богата сум, згодна, се дружам со елитата, имам 28 години. Така израснав, имав сѐ што ќе посакам. На 24 години се заљубив во момче кој е средна класа, возеше некој евтин автомобил, но беше многу паметен, интелигентен, преубав дечко, најдобар студент по медицина.“

Го обожавав… сѐ додека моите пријатели не почнаа да го исмеваат поради неговата финансиска состојба. Почнав да се срамам да излегувам со него.

Го оставив без објаснување поради фактот што не сме иста класа, мислејќи дека мене ми треба некој богат, бидејќи моите пријатели почнаа да ме гледаат со други очи поради него.

Ми рече: „Затоа и имам само десетки и давам сѐ од себе за еден ден на својата сопруга да и обезбедам сѐ, но тоа е залудно ако нема љубов.“

„По некое време сфатив дека сега сѐ ми е залудно бидејќи го изгубив него. Се борев да се смириме, тој не сакаше. Сега има жена, работи во Чикаго како кардиохирург и има едногодишно дете. А јас сум несреќна богата жена која живее со родителите. И понатаму го сакам.“