Категории

Британската телевизиска водителка и модел Алекса Чанг со сопствен моден бренд

Вестите ги сподели на својот инстаграм профил, а фановите беа воодушевени. Така Алекса ќе зачекори во улога на креативна директорка на сопствен бренд кој ќе се вика Alexachung, а е замислен како современ ready-to-wear бренд.

Чанг до сега соработуваше со бројни брендови, вклучувајќи ги и Tommy Hilfiger, Madwell и AG Jeans. Претходните соработки резултираа со голем успех, па така не е воопшто чудно што се решила за сопствен бренд. Првата колекција се состои од:панталони, дневна и вечерна гардероба, чевли и накит кои ќе бидат одраз на нејзиниот познат моден израз – женствен и машкодански стил.

Дизајнерскиот тим се состои од 6 лица со богато професионално модно искуство. Првата колекција доаѓа во мај 2017 и ќе биде достапна во одбрани стоковни куќи како : Selfridges, Galeries Lafayette, Matchesfashion.com, MyTheressa и SSENCE.

Прегледи:
490
Објавено на:
04.10.2016