Категории

Бронзер – beauty производ кој го обожаваме

Задржете (или постигнете) исончан тен во еден потег

Употребата на бронзерот е дефинитивно најлесниот и најбрзиот начин да се постигне потемен тен. Тој доаѓа во доста многу нијанси а за нив важи правилото дека мораат да се бираат во склад со природната нијанса на тенот.

Со оглед на тоа дека во лето се препорачува да се избегнуваат тешки пудри, лицето е најдобро да се освежи со бронзер кој дава природен дојам на потемнет тен. Мат формулите се најдобар избор за преку ден додека оние со дискретни светки се препорачуваат за вечерен изглед.

Тајната на убавиот исончан тен

Убаво исончаниот тен се постигнува со правилно нанесување на бронзерот. Најдобро е да се нагласат деловите на телото кои најлесно и најбрзо потемнуваат. Нанесувајте го на краевите на челото, по средината на носот и на врвовите на јаболкниците. Бронзерот во прав треба да се нанесува со големи густи четки додека течниот бронзер треба да се нанесува со прсти или сунѓерче и лесно да се натапка како не би се појавиле остри линии.

Бронзерите ги покриваат и брчките

Дали сте знаеле дека визажистите со помош на бронзерот во прав, кој исто така содржи витамини A и C, и SPF заштитен фактор, успешно ги прикриваат брчките?
Натапкајте го на челото, брадата и носот само во мала количина. Може да се комбинира со посветла пудра во подрачјето на подочниците.

Прегледи:
348
Објавено на:
16.05.2017