Категории

Брза, едноставна и хранлива: Вкусна крем чорба за студените денови! (РЕЦЕПТ)

За подготвување на оваа чорба потребни ви се само 5 состојки. Лесно ќе ве загрее во студените зимски денови и ноќи. Послужете ја со салата и ќе имате брза и лесна вечера во која може да ужива целото семејство.

Состојки:

  • 2 лажички путер
  • 1 исечкана главичка кромид
  • 800 гр брокула (користете го и цветот и стеблото)
  • 2 литри вода
  • 1/2 лажичка морска сол

Подготовка:

Загрејте го маслото во голем лонец и динстајте го кромидот додека не се омекне. За ова ќе ви требаат околу 15 минути. Додадете брокули и ставете ги заедно со кромидот околу 5-10 минути. Додадете вода и сол и варете додека брокулите не омекнат во потполност, околу 15 минути. Тргнете ги од оган, почекајте да се олади, па зеленчукот ставете го во блендер заедно со водата во која се варел и мешајте додека не се направи лесна кремаста маса. Потоа, вратете го кремот во лонецот и додадете зачини по желба. Оваа чорба може да ја правите и со карфиол.

Добар апетит!

Прегледи:
629
Објавено на:
29.11.2018