Категории

Брзи фризури кои ќе направат да изгледате уредно кога немате доволно време

Ако не ве разбудил алармот или немате доволно време да се средите, добро е да се знаат барем неколку трикови со чија помош ќе добиете фризура спремна за излегување од дома, а ќе ви треба помалку од 10 минути.


Префрлете го патецот на другата страна
Оваа едноствна промена одма ќе направи разлика во изгледот. Ќе ви даде волумен на косата, а речиси не е потребен ни чешел за да ја направите.


Напола подигната коса
Едноставен трик кој ќе го сокрие масниот корен на косата и поради кој ќе изгледате младолико.Исто така е идеален трик за оние кои носат боб фризура. Можете да ја заврзете во пунџа или да си поиграте со плење на плетенки.

Висока залижана пунџа
Ќе ви го отвори лицето и ќе можете малку да си поиграте со шминката, никој нема да верува дека сте се спремиле за 5 минути. Добрите обетки исто така ќе ве спасат.

Марама за коса
Ништо не го свртува вниманието од масната коса како убавите марами за коса со разни детали.


Коњско опавче
Тоа е секогаш во мода, наместо да го пуштите слободно да виси, заврзете го со неколку гумички на за коса.

Прегледи:
812
Објавено на:
06.10.2019