Еден од најубавите холивудски парови, омилената озборувачка Блејк Лајвли и еден од најпосакуваните глумци Рајан Ренолдс, го добија своето второ дете.
Магазинот People известува за убавите новости, но сеуште не се познати детали за детето, за полот и тежината, ниту пак името.
Првото дете, ќерката Џејмс ја добија во декември 2014 година, а оваа пролет се обелодени втората бременост, а Блејк од тогаш па до сега блескаше и изгледаше одлично на и надвор од црвениот килим, со нејзиниот беспрекорен стил.
После првата бременост Блејк изјави „Мислам дека телото на жената после бременоста е неверојатно. Не треба да си супер модел или пак веднаш да изгледаш совршено, само што го направи најневеројатното нешто на светот, роди дете. Па сосема во ред на тоа да биде фокусот.“