Појадокот е најважниот оброк во денот, па затоа погрижете се да биде здрав и полн со хранливи состојки.
Во еден сад ги ставете чиа семките, водата, медот, циметот, ванилата, ѓумбирот, кардамомот. Убаво промешајте и оставете на страна да отстои 1-2 часа, односно семките убаво да набабрат.
Потоа земете 2 чаши. На дното на чашите ставете свежи капини, па ароматизирана чиа, капини, чиа. Декорирајте со свежи капини и ливче нане.
Забелешка:
Наместо вода може да се користи било какво млеко, кравјо, кокосово, бадемово… Наместо капини може да се користи микс на шумско овошје…