Категории

Читајте им книги на своите деца за да бидат успешни во животот

Децата чии родители во раното детство им читаат книги и со нив решаваат математички задачи, се поуспешни во училиште и постигнуваат значајни успеси во животот, за разлика од нивните врсници.

Научниците од Универзитетот во Бамберг речиси 10 години го следеле животот на 200 деца во Германија, а резултатите од истражувањето ги објавиле во списанието „Skul efektivnes end skul impruvment“.
Резултатите покажуваат дека со читање на книги на децата тие стекнуваат јазични вештини кои ги подобруваат и нивните математички способности.
Научниците спровеле низа тестови меѓу децата на возраст од 3-5 години, проценувајќи какви се нивните говорни способности и како решаваат различни логички задачи.


Освен тоа, стручните лица собрале и податоци од родителите- ги прашувале на кој начин се однесуваат со детето, дали им читаат книги и на која тема.
Кога овие деца направиле 12-13 години, научниците повторно направиле тестирања и ги сумирале резултатите од експериментот.
Се дошло до заклучок дека моќта на книгата е приближно иста, без разлика на имотната состојба, социјалниот статус, полот на детето, типот на семејството и други фактори.
Стручните лица од Американската психолошка асоцијација претходно изјавија дека децата кои повеќе сакаат музика од егзактна наука- се поуспешни во училиште.