Категории

Човекот се сака додека е жив, а не откако ќе умре!

Тогаш не му требаат убави зборови, му требаат додека е жив. После последниот здив, сета љубов која не си ја дал а сега сакаш да ја дадеш, нема да промени ништо.

Затоа сега добро размисли за расправијата која планираш да ја започнеш со некоја личност која те погледната накриво, кажала ненамерен збор, несакајќи те повредила. Дали е најважно во секоја ситуација да покажеш дека си надмоќен, по секоја цена да го понижиш другиот? Сакал ли навистина да се поставиш себеси во улога на судија спрема другата личност а и самиот си свесен дека некогаш си направил и многу поголеми грешки отколку таа личност на која сега и судиш.

Човекот се сака додека е жив, а не откако ќе умре. Затоа размисли ако одлучиш засекогаш да прекинеш конктакт со некоја личност затоа што е повредена твојата гордост. Сакаш ли навистина од секоја битка да излезеш како победник без оглед на цената во односите која треба да ја платиш? Дали во секоја трка ти е најважно првото место или личноста која паднала пред тебе и покрај која само си поминал? Дали е навистина најважно кој е попаметен, посилен, попривлечен, побогат?

Човекот се сака додека е жив, а не откако ќе умре. Тогаш не му требаат убави зборови, му требаат додека е жив. Тогаш не треба да зборуваш за неговите идеали и соништа, потребно е да не му ги уништуваш додека е жив. Не му требаат цвеќиња и свеќи над неговата плоча, му треба нежен поглед, допир, насмевка и стегнување на дланката, и тоа сега. Се што не си го дал тогаш, не треба да го даваш ни подоцна, дали е тоа глума или каење веќе не е важно.

Побарај ја сега таа личност, развесели ја со своето присуство. Немој да чекаш миг кога ќе биде доцна. Ако можеби направила нешто лошо спрема тебе, запиши го тоа во песокот а не во каменот, затоа што после последниот свиреж, битката веќе не важи. После последниот здив, сета љубов која не си ја дал а сега сакаш да ја дадеш, нема да промени ништо. Затоа никогаш не заборавај, човек се сака додека е жив, а не откако ќе умре.

Прегледи:
812
Објавено на:
02.02.2020