Тие се ангелите со скршени крилја кои летаат само кога ќе бидат сакани.
Чувствителните луѓе се најреалните и најискрените луѓе кои ќе ги запознаеш. Не постоиш нешто кое нема да ти го откријат за себе ако му веруваат на твојата добрина.
Но во оној миг кога ќе ги предадеш, ќе ги одбиеш или ќе ги потцениш, тие ќе станат најлошите можни личности. За голема несреќа, тие ќе се повредуваат себеси уште многу долго после тоа. Тие несакаат да ги повредат другите луѓе, тоа е против нивната природа.
Тие ќе сакаат да направат примирје и да ја поправат грешката која ја направиле. Нивниот живот се состои од подеми и падови. Тие живеат со вината и постојаната болка на нерешените ситуации и недоразбирањата.
Тие се измачени души кои не биле во можност да живеат со омраза и да бидат омразени.
На таквите личности им е потребно многу љубов затоа што нивните срца биле постојано повредувани од другите. Но и покрај сета трагедија низ која поминале во животот, тие и понатаму остануваат најсочувствителните луѓе кои ќе ги запознаеш.
Тие се ангелите со скршени крилја кои летаат само кога ќе бидат сакани.