Како што полека се навикнавме на новиот начин на живот во кој заштитната маска стана задолжителна во нашето секојдневие, веќе и модниот свет почна да се приспособува на тоа, обидувајќи се да ја претвори и во моден додаток.
Бројни брендови веќе забележаа потенцијал во овој начин на размислување околу носењето на заштитните маски не само како мерка за заштита туку и како моден аксесоар, тие почнаа да креираат различни начини како во потполност носењето на заштитна маска би станало пријател ритуал.
Дизајнерите се досетија на супер идеа да создадат ланчиња за маска (како оние за очила) со цел таа да е секогаш сигурна околу вратот. на тој начин спрема потребата, кога влегувате во продавница или јавен превоз, секогаш можете да ја ставите на лице.
Во продолжение ви донесуваме неколку модели на овие практични ланчиња кои сигурно ќе станат драг стилски додаток на многу модни следбеници.