Вистинската разлика помеѓу денот и ноќта
Еден учител ги прашал своите ученици како знаат кога престанува ноќта и започнува денот?
Еден одговорил:
„Кога оддалеку можат да препознаам коњ од крава.“
„Не, не е тоа“, рекол учителот.
„Кога оддалеку можам да видам дали некое дрво е смоква или манго.“
„И тоа е погрешно.“
„Па како тогаш?“, го запрашале учениците.
„Кога гледаш во очите на било кој човек и препознаваш брат; кога гледаш во очите на било која жена и препознаваш сестра. Ако сеуште не го знаеш тоа, тогаш е и понатаму ноќ, дури и кога сонцето е високо на небото.“