Категории

Дарко Јефремов, познат со своето „Камионџија шоу“, делеше новогодишни пакетчиња на оние кои им се најпотребни!

Дарко Јефремов, кого јавноста го запозна по своето „Камионџија шоу“, живее во Чикаго, а празниците одлучил да ги помине во својата татковина.

Во текот на новогодишната еуфорија тој одлучил да ги израдува децата низ Скопје со новогодишни пакетчиња, облечен како Дедо Мраз. Насмевките и среќата која се чита од нивните лица е бесценета и уште еднаш хуманите луѓе ни покажуваат колку малку труд е потребен да направиш некого среќен.

Секоја чест Дарко!

Погледнете како изгледаше Дарко во улога на Дедо Мраз!