Категории

Денеска е петок 13 – пет правила за да го избркате баксузот

Петок 13, според многумина е ден кога сигурно ќе ви се случи нешто неубаво. И поради тоа постојат и обичаи во народот со кои се брка злото на овој ден.

Нумерологијата смета дека 13 е симбол на несреќа, а поради тоа што доаѓа после бројот 12 кој е симбол на совршенството и целовитост.

Поради тоа веќе со векови постојат некои верувања кои се раширени во целиот свет.

-Според легендата, ако 13 лица се собрани на вечера, едно од нив ќе почине во рок од една година. Затоа некои ресторани во Париз нудат изнајмување на 14 гостин на вечера.

-На овој ден никако не треба да менувате кревет, бидејќи ќе имате лоши соништа. Покрај тоа не треба да тргнувате на пат, ниту да започнувате нова работа.

-Чадор ни случајно не отварајте во затворен простор, бидејќи ќе се скарате со најблиските

-Инаку важи правилото дека за скршено огледало следуваат седум години несреќа. Но ако го скршите на денешен ден, несреќа ќе ве следи цел живот

-И секако не поминувајте под скали. Ова верување има корени во раното христијанство. Потпрените скали формираат триаголник со ѕидот и тлото, што претставува Свето тројство. Баш поради тие причини тоа никако не смее да биде нарушено со поминување низ него.

Прегледи:
360
Категории:
Uncategorized
Објавено на:
13.01.2017