Категории

Дерматолозите предупредуваат: Лоши нешта кои ѝ се случуваат на вашата кожа кога јадете чоколадо

Се што внесувате во организмот се одразува на кожата – советуваат нутриционистите и дерматолозите

Кожата е првиот знак за прехрамбените навики, затоа што таа реагира на се што внесуваме во организмот. Неправилната исхрана може да доведе до нутритивна нерамнотежа која прво се забележува на кожата.
Нутриционистите и дерматолозите се сложија околу тоа што најмногу ја иритира кожата и која врста на храна таа најлошо ја поднесува. Исто така, тие споделија совети за правилната исхрана која ќе направи вашата кожа да изгледа здрава и сјајна.

Најголемиот непријател на блескавата кожа е рафинираниот шеќер и јаглехидратите кои во голема количина се наоѓаат во грицките, брзата храна и слатките. Шеќерот се врзува за протеините, колагенот и еластинот и во процесот кој го нарекуваме гликација, чија последица е настанување на воспаление, разбивање на колагенот и еластинот и настанување на брчки – откриваат тие.

Освен овие намирници, голема улога во изгледот на кожата има и солта. Таа делува негативно на работата на срцето и доведува со насобирање на прекумерна вода во ткивото.

„Маснотиите кои настануваат после конзумирањето на шеќер и останати јаглени хидрати се насобираат во преголема количина во ткивото поради што тоа губи квалитет“.

За убава кожа потребно е исхраната да биде засновата на разнолично овошје и зеленчук, житарици од цели зрна, ореви, семки, риби, посно месо и нискомасни млечни производи. Внесување на квалитетни маснотии го одржува добриот изглед на кожата. Маслиновото масло и авокадо покрај семките и јаткастите плодови треба редовно да бидат на дневно мени, – советуваат нутриционистите.