Канадската поп ѕвезда Џастин Бибер толку е приврзан за својата вереница, манекенката Хејли Болдвин, што не може да ја скрие својата љубов ни пред очите на јавноста.
По само три недели забавување, пејачот ја запроси својата девојка и пред цел свет призна дека е вљубен до уши во неа, а потоа преку срцепарателно писмо кое го објави на Инстаграм и изјави љубов. Сепак, Бибер сака и со дела а не амо со зборови да ја докажува својата љубов, а тоа можело да се забележи во еден ресторан каде што вечерале. Имено, пејачот не можел да ги тргне рацете од својата вереничка. Иако ги забележал погледите на луѓето, не обрнувал внимание и продолжил да ја љуби својата девојка.
Бибер и Хејли се познаваат веќе со години, а по неколку месеци врски и раскинувања, тинејџ ѕвездата одлучила да ја побара за жена Хејли на Бахамите. Тој ја побарал нејзината рака најпрво од нејзиниот татко, актерот Стивен Болдвин, а венчавката ќе биде интимна цремонија. Бибер и ветил на својата девојка дека ќе ја отстрани тетоважата со својата поранешна девојка Селена Гомез.
„Џастин потполно расчисти со минатото. Веќе започна делумно да ја прекрива тетоважата, а сега сака и целосно да ја отстрани“, вели извор близок до Џастин.