Категории

Џеј Ло покажа како модерно се комбинира црн кожен мантил од 90-тите! (ФОТО)

Стилот инспириран од 90-тите никако не излегува од мода и Џенифер Лопез е свесна за тоа. Пејачката и актерка неодамна се појави на снимањето на својот нов филм во црна комбинација која потсетува на стилот на нејзината колешка Џенет Џексон пред речиси 30 години. 

Црниот кожен капут знае некогаш да биде тешко модно парче, но не и за Џенифер. Таа совршено го искомбинирала со високи црни чизми, кожна капа и големи златни обетки.

Многумина не би се осудиле да излезат во монохроматска кожна комбинација, но на пејачката тоа и стои совршено. Моментално Лопез се подготвува за свадбата со својот избраник, Алекс Родригез за која многумина тврдат дека ќе биде една од најголемите свадби во Холивуд.