Категории

Џесика Алба открива супер едноставен трик за долги и густи трепки

Одлични резултати со помош на овој супер трик

Џесика Алба е позната по својот природен изглед и нежна шминка. Таа никогаш не претерува кога е во прашање мејкапот, но не можеме да го оспориме и совршениот изглед на нејзините трепки. Која фотографија и да ја погледнете, ќе ги забележите нејзините долги и густи трепки кои ги истакнуваат нејзините очи на неодолив начин.

Ако сте мислеле дека е во прашање генетика, се лажете. За таквиот изглед на нејзините трепки, заслужен е малиот трик кој таа сама ќе ви покаже како да го направите.
Овој трик таа го научила од својата мајка, и одлучи да го сподели со сите свои фанови и читатели на Vogue.
Пред да нанеси неколку слоеви маскара, таа нанесува прајмер за трепки. Тој е неизоставен дел од нејзината рутина – открива таа.
Актерката исто така сподели дека при нанесувањето на маскара, ја провлекува четката од коренот па према врвовите и тоа го прави со цик-цак потези.

„Маскарата е најважниот чекор во постигнување на овој природен изглед, затоа што кога разговарате со луѓето, тие гледаат во вашите очи. Па според тоа, мислам дека треба да се посвети особено внимание во шминката на очите ако веќе не сакате да трошите време на останатите делови на лицето“, порача Џесика.

Прегледи:
540
Објавено на:
20.11.2019