Категории

Диор колекцијата од високата мода инспирирана од грчките божици

Како би изгледале жените кога би владееле со светот

Во рамките на Париската модна недела, француската модна куќа Диор ја претстави колекцијата од високата мода која беше пречекана со воодушевување и громогласен аплауз.

Исклучително женствените креации беа инспирирани од грчките божици помеѓу кои доминираше палета од нијанси во боја на старо злато, украсени со светликави детали, реси, и лелеави материјали. Специјална улога имаа и префинетите материјали како свила и брокат кои беа заслужни за тоа оваа колекција да се вброи во една од највпечатливите и најдобри колекции за оваа сезона.

Додека моделите носеа фризури инспирани од античкиот грчки стил, невозможно беше присутните за миг да не се почувствуваат како да отпатувале назад во времето и пред нив оживеала митологијата.

 

 

Прегледи:
565
Објавено на:
03.02.2020