Категории

Директно од улиците во Париз: Модна инспирација за дождливите есенски денови

Зад нас е уште еден возбудлив месец на модата, кој заврши со серија модни ревии на Модната недела во Париз, на кои улици многу тренди дами донесоа парчиња, кои се еден вид модна инспирација, за дождливите есенски денови.

Најмногу “street style“ парчиња на улиците во Париз носат потпис на познатите модни куќи Chloe, Chanel i Louis Vuitton, а кога станува збор за додатоци, пред нив се наоѓаат парчиња од италијанската куќа Bottega Veneta.

Повеќето парчиња облека беа елегантни и класични во комбинација на тексас, претежно во неутрални нијанси а најносените беа црни, бели и сиви, како и разни комбинаци од тие бои.

Длабоки кожни чизми до колена, огромна трикотажа, здолништа и фустани со животински принт дефинитивно се парчиња за разбивање на мрачната есенска монотонија!

Прегледи:
556
Објавено на:
11.10.2019