Категории

Доколку планирате да се сликате, не ја носете оваа боја!

Добрата фотографија зависи од многу различни фактори, а боите на вашиот стајлинг можат исто така да играат голема улога. Ако сликата говори повеќе од илјада зборови, нека секој од нив биде комплимент.

Стручњаците велат дека пастелните и бели нијанси на фотографиите можат да направат да изгледате бледо. За жал, тоа значи дека омилените пастелно розови тонови и бели џемпери не се нужно најдобра комбинација за позирање пред камерите. Но, има надеж… Тоа не значи дека треба да се откажете од овие бои, стручњаците предлагаат топли бои на шминката, повеќе руменило и кармин.

А кои бои се најдобри за на фотографии? Стручњаците велат темно црвена, тиркизна и останатите сино-зелени нијанси, А ако сте повеќе неутрална девојка, изберете сива. Сивата е, верувале или не, подобра од црната.