Дождот ги отежнува нашите секојдневни обврски, создава метеж во сообраќајот, но делува и како најдобриот природен седатив.
Дождот има големо влијание врз луѓето на начин што ги релаксира. Луѓето кои страдаат од депресија или анксиозност имаат помали шанси да добијат напад кога врне дожд. Истото се случува и со луѓето кои се нервозни и импулсивни. Дури и мирисот на дождот повеќето луѓе го поврзуваат со смирување, опуштање и позитивно размислување. Научниците наведуваат дека покрај хормонските промени, значаен е и звукот на дождот. Кога звукот е тивок или умерено јак и константен, како при врнењето- мозокот го толкува како смирувачки сигнал. Освен тоа овој смирувачки звук ги прикрива некои од звуците кои би можеле да не вознемират, на пример поминувањето на автомобилите, или пак вревата од околинта.
Затоа, најдобар совет е- кога нареден пат ќе врне направете си голем филџан топол чај или кафе и уживајте во друштвото на добра книга и смирувачки дожд.