Категории

Дозволете си да бидете мрзеливи

Можеби би ви звучело како најчудното и најглупавото нешто на светот, но понекогаш е здраво да си дозволите да бидете мрзеливи. И да, под мрзеливи се подразбира да лежите во кревет цел ден со вашето топло кафе и омилен филм или книга.

Причината за тоа е поради тоа што човекот има потреба од одмор. Тоа би можело да биде било кој ден од неделата, но најубаво би било доколку тоа е еден ден од викендот или некој ден од средина на неделата. Поминете го со вашите најблиски, завршете ги обврските кои ви стоеле одамна незавршени, сурфајте цел ден на социјалните мрежи. Што и да посакате, тоа е ваш ден.

Image result for free girl

Под постојан стрес и напор, последиците почнуваат да се чувствуваат на расположение, болки во грбот и коските, па дури може да дојде и до посериозни компликации. А никој не би сакал да дојде до тоа, нели? Никому не би му штетел еден ден од неделата да го искористи за одмор.

Image result for free girl

Можеби би звучело досадно или претерано употребена реченица, но често забораваме дека ова е нашиот живот и дека правилата на игра ги поставуваме ние и никој друг.

Прегледи:
443
Објавено на:
01.02.2017