Категории

Драга неплодност, те мразев… Трогателно писмо на мајка која се изборила со неплодноста

Една мајка напишала многу емотивно писмо упатено на својата неплодност и тешкиот пат кој го поминала до мајчинството.

„Драга неплодност, те мразев. Ти крадеш соништа. Кршиш срца. Носиш тага и болка. Трошиш животи.“

Така почнува трогателното писмо на мајката и блогерката Desiree Fortin упатено кон својата неплодност. Писмото кое го објавила со фотографија на Инстаграм (@theperfectmom) ги прикажува сите емоции кои оваа мајка ги доживеала на ова тешко патување до мајчинството.

„Вреди да се чека“: Посвета на сите оние кои се борат со неплодност. Како и многу жени кои се обидуваат да останат бремени, веста за неплодноста на почетокот ја скршила.

– Поради тебе исплакав повеќе солзи отколку што мислев дека можам да исплачам. Поради тебе лежев на под во купатило со празнина која ме растргнуваше после безброј негативни тестови за бременост. Поднесував инјекции, модрици, сто видови на лекови. Скапа си, а физички, психички и емоционално исцрпувачка. Го потопи моето срце во разочарување и агонија.

Надежта никогаш не умира

Во сето тоа, Desiree успеала да ја зачува надежта. По три долги години, безброј обиди таа и нејзиниот сопруг им посакале добредојде на своите три дечиња.

– Иако беше голем дел од мојата приказна, никогаш не ме обележа. Те победив. Ти покажав дека постои победа над неплодноста – напишала за својата борба, а подоцна во писмото споделила и како неплодноста ја научила да биде силна.

– Колку и да те мразев, исто така сум ти благодарна што беше дел од мојата приказна. Ти ме направи силна. Дури и пред да останам бремена, мојата сила растеше. Не само што се чувствував како Супержена после сите тие инјекции, лекови и лекарски прегледи, туку пронајдов и емоционална сила.

Ти благодарам!

Но она што е најважно, борбата со неплодноста ја научила да се надева.

– Да не беше ти и огромната болка која ми ја создаваше, лагите кои ми ги говореа и тагата која ми ја покажуваше секој пат од почеток – немаше да ја разберам надежта која сега ја разбирам. Надеж значи да се има верба во она што се чини невозможно. Надеж е да се верува во Бог кога се чини дека нема излез. Кога ќе се присетам на сите години во кои беше дел од мојот живот, сѐ што можам да кажам е: Ти благодарам!

На крајот на краиштата, приказната на оваа жена покрај тагата, болката, бесот и фрустрациите е полна со надеж. Нејзината храброст да го сподели своето искуство со другите ќе остане потсетник на многумина кои се борат со неплодноста, дека не се сами.

И на крај…