Категории

Еден ден ќе сретнеш некој со иста душа како твојата, и ништо повеќе нема да биде исто

А се што си требал да направиш е да веруваш во чудата, затоа што тие не се некои натприродни сили, тие се само срца кои чукаат во ист ритам со твоето.

И кога вашите срца ќе се спојат, веќе нема да имаш потреба да бараш повеќе..

Никогаш повеќе нема да мораш да се задоволуваш со нешто помалце од она што го заслужуваш затоа што ќе го пронајдеш токму она кои си го барал и ти било потребно. Еднаш кога ќе пронајдеш некој кој има душа како твојата ќе научиш дека си бил вреден и се со што си се соочил претходно, сите оние кои се однесувале лошо спрема тебе, те потценувале и те доживувале како просечен, биле погрешни личности.

Еднаш кога ќе го пронајдеш ќе сфатиш дека топлата прегратка, нежниот поглед, искрената насмевка се најскапоцените нешта. Нема да можеш да замислиш подобро и поубаво место на светот од тоа покрај него.

Ќе сфатиш колку малку било потребно за да го пронајдеш, а всушност си мислел дека треба да преминеш планини и мориња. Доволно било да се ослободиш од погрешните и да му оставиш место за да пристигне.

Еднаш кога ќе пронајдеш некој со душа како твојата, ќе почнеш да веруваш во магијата, ќе почнеш да веруваш дека за секого постои некој кој е предодреден да му го промени животот. А се што си требал да направиш е да веруваш во чудата, затоа што тие не се некои натприродни сили, тие се само срца кои чукаат во ист ритам со твоето.

Прегледи:
577
Објавено на:
15.05.2020