Категории

Единствено елегантно парче кое што ќе ви биде потребно во 2020 година

Ниту кошула, ни здолниште, ни сако, ни панталони, ниту фустан.

Можеби веќе сте ги забележале. Комбинезоните се неизбежен тренд, кој што ќе ги гледаме во различни варијанти.

 

Сепак, оној што се истакнува посебно е оној во црна боја, пред се затоа што со неа нема да погрешите (каков материјал и да изберете), а доколку сакате едно од оние парчиња што веднаш ги решава вашите сомнежи за тоа што да носите за некоја свечена пригода, тогаш ви предлагаме модел како овој донесен од прекрасната Дутсен Крос (познатиот холандски супермодел).

 

Станува збор за кожна варијанта со металик детали во форма нитни во кружна форма, и со обемни ракави, модел од колекцијата потпишан од Изабел Марант.

Соберете ја косата, заокружете го вашиот стајлинг со пар ефективни обетки, сандали или чизми и станете кралица на вечерта во еден потег!

Прегледи:
614
Објавено на:
18.01.2020