Категории

Елегантно, нежно, но спротивно на очекувањата: Како ги прекрши кралските правила Меган Маркл со својот стајлинг?

Иако најголемо внимание привлече венчаницата, критичарите се позанимавале и со нејзината фризура, шминка и останати детали поради кои Меган изгледа поинаку од сите претходни принцези.

Меган Маркл и принц Хари, стапија во брак на 19. мај 2018. година и со тој чин станаа војводата и војвотката од Сасекс. Меган избра фустан од британската креаторка Клер Вајт Келер, која е уметнички директор на француската модна куќа „Живанши“ и јавноста веќе почна да ја осудува како премногу едноставна за кралска венчавка и дека не успеала да ја засени Кејт Мидлтон.

Such a simple but elegant bouquet for Meghan. But do you know it was full of meanings? So, she went for Myrtle, for the Royal tradition, Lily of the Valley, for sweetness & happiness, Astrantia for strength, courage and protection, Astilbe for patience and dedication and last some Forget me nots, Diana’s favorite flowers…and As far as we read online, Harry picked them up from his garden the night before the wedding…another lovely touch that symbolized Diana’s presence at their wedding. Well done Harry and Meghan: we loved it! #royalwedding #harrymeghan #royalbouquet #harrymeghanmarkle #wedding #meghanmarkle #princeharry #windsor #royalfamily #royalwedding2018 #royal #windsorcastle #meghan #harryandmeghan #weddingday #theroyalwedding #princewilliam #princeharryandmeghan #london #buckinghampalace #bodareal #beautiful #weddings #weddingdress #wedding #theweddingoftheyear #meghansbouquet

A post shared by Pretty Flowers (@prettyflowers.fioreriasanrocco) on


Вкусовите секако се различни, но тоа што мора да се признае е дека британската дизајнерка дизајнирал скромен, но исклучително софистициран фустан достоен за една принцеза. Целокупниот изглед го заокружи велот од пет метри и дијамантската тиара на кралицата Мери која совршено и прилегаше на идната војвотка.

За продолжението на прославата Меган се одлучи за полежерен фустан без ракави која ја потпишува Стела Макартни во која изгледаше како потполно модерна принцеза. Освен големото внимание кое го привлекоа венчаниците, медиумите не можеа да не ја прокоментираат и шминката и фризурата кои беа потполно спротивни на кралските очекувања.


Досега беше обичај припадничките на кралското семејство да носат пуштена коса, а Меган избрала ниска пунџа со неколку пуштени прамени коои паѓаа на нејзиното лице. Оваа фризура е заштитен знак за неа во последниве неколку месеци, а природната шминка ја заокружи нејзината убавина и ја направи да изгледа како вистинска принцеза.