Категории

Емили Ратајковски открива дека денот го почнува со слатки – откривајќи ја тајната за совршената фигура

Кој би рекол дека за нејзината витка фигура се виновни колачите?

Популарната актерка и модел која е заштитно лице на бројни луксузни модни брендови и важи за девојка чие тело го посакува речиси целиот Холивуд, ја откри тајната на својата извајана фигура.

Иако на друштвените мрежи често е осудувана поради тоа што почесто сака да се слика соблечена отколку облечена, таа не се грижи за острите коментари упатени кон неа. Таа лансираше своја сопствена линија на бикини а нејзините обожаватели се интересираат која е вистинската тајна за нејзиниот совршен изглед.

Познатата манекенка реши да го открие своето дневно мени.

За почеток на денот, таа како доручек избира црно кафе и омилениот колач kougn-amann од ланецот на Blacktop Coffee. Во нејзиниот појадок најчесто сврстува слатка храна како акаи каши и смутија.

За ручек Емили открива дека сепак се држи до нутритивните вредности и одбира да конзумира салати, овошни сокови, но неретко избира и сендвичи.

Кога е во прашање вечерата, моделот истакна дека сака кога ја подготвува сама во својот дом. Таа преферира лесни опции како суши, добро вино и коктел. Во целост таа своето дневно мени го опишува како балансирано, а често си дозволува „мамење“ па сака да посегне по мафини и темно чоколадо.

За одличниот изглед, моделот сподели дека практикува ригорозни тренизни и часови поминати во теретана. Таа истакна дека сака напорни тренизни, често оди на планинарење во околината на Лос Анџелес и посетува јога.

Прегледи:
691
Објавено на:
10.11.2019