На македонската публика вчеравечер и стана јасно зошто Енрике Инглесијас е една од најголемите светски ѕвезди.
Шармантен, со многу енергија и љубов ги испеа неговите најголеми хитови, а речиси десет илјадната публика ги пееше во еден глас неговите најголеми хитови.
Латино поп ѕвездата, ја отвори вечерта со Bailamos, а ги испеа и ја разигра публиката со Heartbeat, El perdedor, Escape, Tonight (I’m Fuckin’ You) и ги поздрави и им се заблагодари на македонските фанови на македонски јазик, а со неговата екипа на бината испија по една пијачка и ја поздравија публиката со едно „на здравје“.
Неизбежна беше и легендарната Hero,која публиката ја испеа во еден глас, а вечерта се заврши повторно весело и енергично со Bailamos и I Like It. Иако публиката беше разочарана што се заврши така брзо, концертот траеше час и поливна, сепак од латино ѕвездата се виде многу енергија и љубов за да приреди спектакуларно шоу за своите македонски фанови.
Енрике после настапот ја поздрави македонската публика преку неговиот фејсбук профил, заблагодарувајќи и се на публиката за посебниот прв настап во нашата држава.