Категории

Есен 2020: Вечната класика – Капутот во кафеава боја го обожаваме и оваа година

Елегантен и женствен, оваа боја се комбинира доста лесно и се вклопува во сите модни комбинации, а тоа го прави едно од најомилените парчиња во студената сезона. 

После есенските колекции кои го најавија почетокот на студената половина од годината и го означија времето на големата трансформација на гардеробата, на полиците на омилените модни брендови стигнаа и првите зимски модели. Во центарот на секоја гардероба во најстудените денови уште еднаш ќе се најдат зимските класици – сестрани, едноставни и елегантни модни парчиња и модни додатоци кои ќе се вратат и оваа година со првите зимски денови.

Како едно од најпопуларните зимски класици е капутот во медова боја кој е идеално парче за студената зима.

Оваа нијанса на капут е модна класика од сезона во сезона. Благодарение на софистицираноста со која зрачи, неговото владеење во модниот свет трае веќе со децении. Елегантен и женствен, оваа боја се комбинира доста лесно и се вклопува во сите модни комбинации, а тоа го прави едно од најомилените парчиња во студената сезона.