Категории

Еве зошто е добро шетањето по дожд

Научно е докажано дека шетањето по дожд е исклучително добротворно, тоа влијае позитивно врз духот и нервите, смирува и опушта а и ве прави посреќни.

Еве неколку одлични причини зошто да отидете во прошетка кога врне:

Има помалце луѓе
Поголемиот дел од луѓето бегаат од дождот, а само оние најхрабрите продолжуваат со шетањето кога влажноста е голема. Доколку ви е потребен мир и тишина, врнежливите денови се идеални за тоа. Полесно ќе се движите и нема никој на вашиот пат.

Воздухот е почист и посвеж
Воздухот е вистински многу почист после дождот, затоа што капките имаат способност да ги упијат разните штетни честички и да го прочистат воздухот.

Мирисот на дожд смирува
Не сте единствени кои го сакаат мирисот на дожд, тој има посебно име и се нарекува ‘петрикох’. Така го нарекле двајца австралиски научници во шеесеттите години на минатиот век. Мирисот е спој од хемикалии кои ги отпуштаат бактериите од земјата, маслата кои ги испуштаат растенијата во текот на сушата и озонот.

Влажноста е добра за кожата и здравјето
Високото ниво на влажност во воздухот помага вашата кожа да остане влажна и младолика. Во некои истражувања се тврди дека кога влажноста ќе се каче на 43% и повече, речиси ¾ од воздушните вируси се уништуваат.

Шетањето по дожд согорува повеќе калории
Јапонските истражувачи дошле до сознание дека кога некој има физичка активност по ладното дождливо време, согорува повеќе калории и масти отколку за време на убав ден.

Помага да ги разбристрите мислите
Се изгледа потполно поинаку кога надвор паѓа дожд. Ова може да им помогне на луѓето да ги согледаат проблемите од друг агол, или да ги предизвика да се соочат посилни со секојдневните проблеми.

Прегледи:
710
Објавено на:
13.02.2020