Категории

ФОТО: Дали би се возеле во ова такси?

На улиците на Мумбаи, има една такси компанија која со намера да се издвои од конуренцијата, презела интересен чекор. Taxi Fabric е проект со кој дизајнерите можат да ја покажат нивната креативност работејќи на изгледот на автомобилите, однадвор и одвнатре.

Кој се сетил на ова, е прав генијалец. Не само што им овозможиле поле на работа на уметниците во Мумбаи, туку и патниците имаат уникатно искуство. Дури и стариот, дотраен автомобил може да се чини како луксузен превоз.

Дури и неколку од дизајнерските такси автомобили се за добротворни цели, односно се пренесува моќна порака преку дизајните за лицата со посебни потреби, глувонемите и заштитата на семејството.

Прегледи:
423
Објавено на:
20.02.2016