Категории

(ФОТО) Италијанските модни брендови едногласни – Ова е најжешкиот тренд за ова лето

Цветните принтови се симболот на топлата сезона. Тие се женствени, романтични и привлечни.

Трендовите за пролет/лето 2020 најавуваат дека во фокусот ќе биде – тропксиот принт.

Италијанските луксузни модни куќи Dolce&Gabbana и Versace веќе ги претставија своите најнови модни колекции а помеѓу нив доминираат животинските принтови од џунглата, леопард па дури и фламингосите.

Versace предлага тропски нијанси на зелени тонови во комбинација со тиркизна што наликува на морска вода и принтови со палми.

Овој микс на „флора и фауна“ го привлекува вниманието и го подигнува расположението затоа што нема личност која не ги сака овие бои кои асоцираат на лето, скриени лагуни, вкусно егзотично овошје, уживање на далечни дестинации. Особено после толку месеци поминати дома.

Прегледи:
644
Објавено на:
13.05.2020