Поранешната војвотка од Сасекс за последен пат во Велика Британија на кралска должност
Британското кралско семејство го одбележа Денот на Комонвелтот во служба на Вестминстерската опатија. Меган Маркл и принцот Хари беа повикани за последен пат да ја извршат својата кралска должност пред комплетно да се повлечат од своите функции.
Меган се појави во зелен елегантен фустан од Emilia Wickstead и шапка-фасцинатор од William Chambers. Целокупниот стајлинг го надополни со минимален накит, беж салонки од Aquazzura и ташна од Gabriela Hearst.