Категории

(ФОТО) Меланија Трамп елегантна во фустан со туфни кој е главен тренд оваа сезона

Првата дама на Америка во издание кое е моден хит оваа сезона

Дезенот со туфни е вечна класика која секое лето го доживува своето враќање и ужива љубов помеѓу модните трендсетерки.
Првата дама на Америка, Меланија Трамп секогаш знае како да го избере совршениот стајлинг за секоја пригода, па за време на посетата на меморијалниот центар во чест на ветераните на Корејската војна во Вашингтон таа се појави во миди фустан со дезен со туфни.

Во согласност со приликата,  придружувајќи го својот сопруг, таа избра црна класична комбинација наместо весели бои. Целокупниот стајлинг го заокружи со бели салонки од нејзиниот омилен бренд Manolo Blahnik и очила за сонце со потписот на Saint Laurent.


Прегледи:
547
Објавено на:
01.07.2020