(ФОТО) Морате да го имате: БЕЛ ТОП – универзално модно парче кое оди со сè

Белиот топ никогаш не бил пораскошен, тој е модна класика која морате да ја поседувате во вашиот плакар затоа што можете да го искомбинирате со сè.

Елегантните бели кошули, романтичните блузи и тренди топовите во бела боја се наоѓаат во оние ретки парчиња кои можеме да ги наречеме модна класика и секогаш треба да ги поседувате во вашата гардероба. Нивната популарност од сезона во сезона е се поголема, па постојано се пронаоѓаат нови начини и модели како да станат дел од гардеробата во секоја доба од годината.

Во лежерен спој со омилениот пар фармерки или панталони, белиот топ е еден од најдобрите парчиња кои можете да ги имате и во кои вреди да инвестирате и да бидете сигурни дека нема да погрешите. Било да сакате совршен топ за деловен изглед, лежерна комбинација или вечерен стајлинг.

 




Коментари

[fbcomments]