Оваа венчаница конкретно изнесува 6 милиони евра и е најскапата кралска венчаница во историјата
Кога ќе помислиме на кралска венчавка прво нешто кое ни паѓа на памет е онаа на принцезата Дијана и принцот Чарлс.
Меѓутоа венчаницата која Лејди Ди ја носеше тој ден, и ја потпишува дизајнерскиот пат Elizabeth & David Еmmanuel, кошташе 166,000 евра.
Венчаницата која ја носеше Кејт Мидлтон со потписот на Alexander McQueen е блиску до милионска цифра, нејзината цена изнесува нешто повеќе од милион евра.
Додека „скромната“ свадбена тоалета која ја потпиша модната куќа Givenchy и ја носеше Меган Маркл кошташе 111,000 евра.
Меѓутоа една венчаница ги надминува сите останати.
Во прашање е онаа која во 2004 на својата венчавка ја носеше кралицата Летисија од Шпанија која се омажи за кралот Фелипе.
Венчаницата беше моделирана според традиционален стил, но исто така и да одговара на современото доба а ја потпишува Manuel Pertegaz и нејзината цена изнесува 6,600,000 евра.