Категории

(ФОТО) Облека која ќе направи секој маж да затрепери

Нити премногу провокативно, нити премногу конзервативно.. Не ви се потребни премногу скапи парчиња доколку сакате да оставите силен впечаток на некој посебен маж во вашиот живот

Воопшто не треба да се грижите за тоа што им се допаѓа на другите и слепо да се раководите според нивното мислење – носете го она што вам ви е убаво и ве прави да се чувствувате пријатно. Но не е лошо да слушнете мислење од машка страна за тоа што во нивните очи изгледа привлечно на женското тело.
И веднаш ве известуваме дека премногу кратки здолништа и длабокото деколте не се на нивниот список.

ОТВОРЕН ГРБ

На многу мажи не им е привлечно кога ќе видат провокативно облечена жена, но затоа речиси не постои маж кој не сака кога жената ќе покаже малку кожа – на пример грбот.
И самите знаете колку е секси кога не откривате премногу, туку само малку ќе му ја „скокотнете“ имагинацијата.

ФАРМЕРКИ

Можеби звучи малку досадно и клише, но фармерки кои ви стојат одлично се полн погодок кога сакате да му го привлечете вниманието на мажот, особено кога изгледаат добро позади.

OVERSIZE ФУСТАН

Фустанот кој не ги истакнува премногу облините остава силен впечаток кај мажите и дефинитивно нема да поминете незабележано.

МАЛ ЦРН ФУСТАН

Ова е парче со кое нема никогаш да погрешите, без оглед на тоа каков модел ќе изберете бидете сигурни дека уште долго ќе размислува за моментот кога го носевте.

ГОЛО РАМО

Блуза на едно голо рамо која открива само малку кожа е доволна да му го помати разумот.