Категории

(ФОТО) Полициски час во Истанбул: Улиците празни, а Босфор потивок од кога и да е

Истанбул, градот со повеќе од 16 милиони жители, ретко кога е толку тивок. Жителите на најголемиот турски град викендот го поминуваат во своите домови.

Славниот истанбулски плоштад Таксим и авенијата Истиклал, позната како „турскиот Champs-Elysees“  вообичаено се преполни со луѓе, но овој викенд се потполно празни.
Во областа Еминон, во историското јадро на Истанбул, полицијата патролира со цел да биде сигурна дека мерките се почитуваат.

На Босфорот е сосема мирно, преминот помеѓу азијската и европската страна на градот каде секојдневно патуваат бродови и траекти.
Тишината ја прекинуваат само звуците на моторите на доставувачите.

Министерството за внатрешни работи во петокот објави дека граѓаните во триесет најголеми турски градови не смеат да излезат од своите домови до недела навечер.
Целта е 48-часовен карантин за време на викендот за да се спречи граѓаните да ги искористат добрите временски услови и да одат во прошетка или на пикник, како што се случуваше во изминатите денови и покрај ширењето на коронавирусот.

Во Турција моментално има 47,000 заразени и 1000 смртни случаи.