Бела Фоксвел фотографира дел од убавините на Лондон низ кои луѓето само поминуваат – станува збор за вратите. На нејзината Инстаграм страница The Doors of London, можете да видите фасади во боја на виножито, многу цветови и прекрасно обоени и украсени врати.
Вратите ја фасцинираат Бела поради неколку причини: „Им се восхитувам на луѓето кои вложуваат толкав труд околу вратата во домот, боите на вратата и деталите околу неа“, објаснува Бела. „Исто така за мене вратата има посебна симболика. Таа претставува можности, а истовремено ме потсетува на домот. Има нешто посебно во врска со вратите“, вели таа.