Категории

„Големата војна пристигна“ прво официјално видео за новата сезона на Игра на тронови која ќе се емитува летово

Денес беше обелоденет датумот за новата сезона на мега популарната Игра на тронови. Датумот е 16.07.2017 година, што значи дека ова лето ни доаѓа студената зима и според зборовите на Џон Сноу „големата војна“.

Во 7мата сезона борбата за престолот продолжува, но иако тоа е доминантната борба во текот на минатите сезони, сепак во најава беше „големата војна“ каде сите ќе треба да се обединат за да се спаси човештвото. Што следи и кој ќе преживее, ќе гледаме во наредните сезони.