Категории

„Градот хуман пак ќе никне“: Против насилството врз животните сите граѓани на Плоштад Македонија на 12 јуни

Оваа недела, на 12ти јуни е закажан протестот против насилството врз животните. Анима Мунди уште еднаш повикува граѓаните да бидат глас за жртвите на градските власти, да бидеме подршка за хуман третман врз најдобриот пријател на човекот. 

13423780_1136827156373521_6122194394998617744_n

Под мотото „Градот хуман пак ќе никне“ ќе започне протестот на Плоштад Македонија на пладне, во 12 часот. Долго време се алармира за нехуманиот третман кон животните, континуираното убивање и измачување на бездомните животни.

10689714_789768677746039_4904850151295289183_n

Анима Мунди го закажува овој протест, за кој повеќе може да дознаете тукаа за подобрување на ужасната состојба и ги дава следниве барања:

ПРОТЕСТИРАМЕ И БАРАМЕ :

1. Итен прекин на убивањето во Вардариште, раскинување на договорор за работа со Ветеринарната болница Автокоманда, т.е. ветеринарите кои се ангажирани во Вардариште, а кои веќе еднаш се казнети за нехумано убивање во стационарот.

2. Влез на активистите за заштита на животни во Вардариште, како овластено тело за надзор на спроведувањето на Програмата на град Скопје, тело кое ќе гарантира доследно спроведување на чекорите утврдени со Програмата (залови, стерилизирај, вакцинирај, ВРАТИ) што наложува масовна стерилизација и враќање на кучињата од заловните територии – а не масовно убивање на животните!

3. Отпуштање на дел од вработените во стацинар Вардариште, т.е. лицето Димче М. и Виолета Н. кои се препознатливи по својата нехуманост кон кучињата, одвраќање на граѓаните кои сакаат да вдомат куче!

4. Прекин на самоволното заловување на веќе стерилизирани, третирани и обележани кучиња, што е практика која во моментов се применува, со која се прекршува утврдената Програма и се спроведува некоја интерна програма, договорена меѓу четири ѕида.

5. Забрана за заловување на мали кутриња во Вардариште, кои никако не можат да бидат стерилизирани и не се предмет на Програмата. Посочуваме дека носејќи ги во Вардариште, 90% од заловените мали кучиња умираат од изгладнетост, епидемии, негрижа, смрзнување, умираат во агонија и бавна смрт!

6. Овозможување да граѓаните си ги повлекуваат локалните (колективно чувани) миленици од стационарот и нивно враќање на територијата на која живеат, а не само подигање на кучиња за кои ќе се одлучат да ги вдомат.

7. Инспекторите на Град Скопје да запрат со изживување врз сопствениците на миленици како и оние кои се грижат кон животните, зошто чувањето животно е хумано, а не противзаконито дело.

8.Најстроги казни на оние инспектори кои ќе ги надминат законските овластувања.

9. Бараме Агенцијата за храна и ветеринарство да одговори на сите наши пријави и конечно изрече соодветни казни за секое институционално или индивидуално прекршување на Законот за заштита и благосостојба на животните.

Ве повикуваме и охрабруваме да се придружите на овој протест, да бидеме глас за оние кои немаат глас и да ја извршиме нашата човечка и граѓанска обврска, да се исправиме пред и да се бориме со неправдата.