Категории

Грчка црква ќе благословува шума за да ја заштити од инсектите

Една црква во северна Грција соопштила дека се подготвува да благослови шума близу Солун заради заштита од инсектите кои ја имаат нападнато и ја сушат.

„Нашата црква од секогаш го користела своето оружје-молитвата и благословот, дури и во борбата со природните катастрофи“- се наведува во соопштението на црквата во местото Ореокастро.
Околу 10% од боровите во градската шума „Seik Su“ непосредно над Солун, веќе се исушиле затоа што под кората се ларват инсектите „Tomicus piniperda“.
Грчките стручни лица ги очекувале ларвите дури во текот на летото. Против нив се води неуспешна борба бидејќи се уште не е пронајден ефикасен лек.
Тие инсекти последните децении ги пустошат шумите низ Европа и САД.
Шумата Seik Su“ има дури 277 видови на растенија, а доминираат боровите. Има и чемпреси и неколку видови тополи.
Во 1997-та година пожар уништил повеќе од половина од шумата.

 

Прегледи:
699
Објавено на:
29.06.2019